Русија

Уапсени уште тројца осомничени за вмешаност во нападот во „Крокус Сити Хол“

05.04.2024 19:27

Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми...

Три лица осомничени за поврзаност со терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва минатиот месец се приведени денес, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Приведените странци се од регионот на Централна Азија, пренесуваат руските медиуми.

Еден од уапсените, наводно, бил директно вклучен во регрутирањето на четворицата вооружени лица кои го извршија нападот во „Крокус Сити Хол“ во Москва пред две недели. Тој, исто така, се занимавал со финансирањето на операцијата.

Двајцата други осомничени донирале за набавка на огненото оружје и за возилото што го користеле терористите.