Србија
Осомничените добија притвор, потрагата по Данка продолжува
06.04.2024 09:32
Се товарат за кривично дело- тешко убиство во соизвршителство...

На осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, по сослушувањето во вишото јавно обвинителство во Заечар им е одреден притвор до 30 дена. Се товарат за кривично дело- тешко убиство во соизвршителство.
Потрагата по телото на 2-годишната Данка Илиќ продолжува. Се проверуваат повеќе локации во областа Бор. Граѓаните на Бор и Бањско Поле и натаму во неверување ѝ оддаваат почит на Данка и упатуваат сочувство до семејството Илиќ.
