ЕУ подготвува забрана за увоз од Крим
19.06.2014 14:47
Европската унија следната недела треба да го забарни увозот, пред се на виното од Крим, како санкција за за припојувањето на украинскиот полуостров кон Русија.
Одлуката би требало да биде донесена в понеделник, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, наведуваат европски извори, додавајќи дека таа мерка ја поддржуваат сите 28 земји членки.

ЕУ одредила санкции за вкупно 61 лице од редовите на руските и на украинските сепаратисти, на кои им се замрзнати имотите и имаат забрана за патување. Досега ЕУ нема одредено повисоки санкции, односно проширување на казнените мерки кои директно би се одразиле на некои подрачја на руското стопанство, но и на некои европски партнери.
Соња Стојановска