Втор круг претседателски избори во Словачка
Победата на Пелегрини, кој моментално ја извршува функцијата претседател на Парламентот, ќе ја зацврсти моќта на Фицо со тоа што нему и на неговите сојузници ќе им даде контрола врз главните стратешки места...

Во Словачка отворени гласачките места за вториот круг од претседателските избори. Во трката- поранешниот министер за надворешни работи Иван Корчок против Петер Пелегрини, кој ја предводи коалициската партија во владата на Фицо.
Победата на Пелегрини, кој моментално ја извршува функцијата претседател на Парламентот, ќе ја зацврсти моќта на Фицо со тоа што нему и на неговите сојузници ќе им даде контрола врз главните стратешки места, но и ќе ги лиши Словачка и еу од клучниот проукраински глас.
Последните јавни анкети предвидуваат тесна трка.
