Свет

Аргентина: Протести поради отпуштање илјадници државни службеници

06.04.2024 11:35

Кратењата се дел од агресивната кампања на претседателот Хавиер Милеи за намалување на трошоците...

Протест на синдикатот на аргентинските државни службеници, откако владата скрати 15.000 државни работни места. Додека тие бараат нивно враќање, владата ја повика полицијата за да ги спречи во намерата да стигнат до работните места во обид да ги окупираат владините канцеларии.

Кратењата се дел од агресивната кампања на претседателот Хавиер Милеи за намалување на трошоците бидејќи според него, државата е преголема и неопходно е да се одржи нула дефицит.