Русија
Пукна брана на реката Урал
06.04.2024 15:10
Во тек е масовна евакуација на жителите- соопштија локалните служби за итни случаи...

Во рускиот град Орск пукна брана на реката Урал. Под закана од поплави над четири илјади домови. Во тек е масовна евакуација на жителите- соопштија локалните служби за итни случаи.
Спасувачите заедно со општинските служби работат на зајакнување на браната и отстранување на напливот.
Во областа Оренбург во близина на границата со Казахстан е прогласена вонредна состојба.
