Македонија

МВР: 107 санкционирани возачи во Скопје

06.04.2024 09:55

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.