„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед
„Фич“ прогнозира дека годинава економскиот раст ќе изнесува 2,9 проценти, поттикнат од приватната потрошувачка, проектот за автопатиштата на коридорите 8 и 10д, како и приливот на странски директни инвестиции, а во 2025-та растот на БДП ќе се зголеми на 3,6 насто.

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ+ со стабилен изглед. Оценето дека земјава води кредибилни и конзистентни макроекономски политики.
„Фич“ прогнозира дека годинава економскиот раст ќе изнесува 2,9 проценти, поттикнат од приватната потрошувачка, проектот за автопатиштата на коридорите 8 и 10д, како и приливот на странски директни инвестиции, а во 2025-та растот на БДП ќе се зголеми на 3,6 насто.
Очекувањата се буџетскиот дефицит и инфлацијата да се намалуваат. Инфлацијата, според „Фич“, годинава ќе изнесува 3,7%, а во 2025 година ќе се спушти на 2,8%.
Иако агенцијата оценува дека брзиот раст на платите претставува нагорен ризик за инфлацијата, сепак, зголемените профитни маржи можат да неутрализираат дел од повисоките трошоци и да придонесат за намалување на ризикот.
