Вархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори
Планот вклучува повеќе мерки, коишто треба да ги поддржат економиите на земјите од регионов, со цел да бидат поподготвени за членството во ЕУ.

Еврокомесарот со соседска политика и проширување, Оливер Вархеји најави дека исплатата на првите средства од Планот за раст на Западен Балкан е можно да се случи уште пред летните одмори.
Планот вклучува повеќе мерки, коишто треба да ги поддржат економиите на земјите од регионов, со цел да бидат поподготвени за членството во ЕУ.
Вархеји во интервју за Европската новинска редакција вели дека со ова однапред ќе се почувствуваат придобивките од постепената интеграција и ќе се даде дополнителен поттик на процесот на проширување.
Планот предвидува, до 2027-ма година да се дадат 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и за економското приближување на Западен Балкан до европскиот стандард.
