Избори 2024

Пендаровски: Евро- атланските интеграции и меѓуетничките односи се клучни стратешки континуитети за демократска и просперитетна држава

06.04.2024 12:36

Евро-атлантските интеграции и меѓуетничките односи се клучни стратешки континуитети за демократска и просперитетна држава, смета кандидатот од коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој синоќа беше во Штип, а денеска е во Македонски Брод и Кичево…

Во следните недели народот ќе биде исправен пред истата дилема како пред 10 или 20 години-дали да им даде доверба на таканаречените патриоти, или на оние кои на дело покажаа како се штитат државните интереси на Македонија, истакна претседателот Пендаровски на митингот во Штип, од каде порача дека стратешките одлуки на актуелната власт и на него како претседател, без дилеми го чуваат македонскиот идентитет и национално достоинство.

Пендаровски побара поддршка за втор мандат и најави целосен ветинг на судиите, обвинителите и на политичарите.

Истакна дека ќе продолжи да работи во интерес на сите, ќе се бори против корупцијата, и ќе остане силен поддржувач на младите во нивниот професионален развој, и на ранливите категории да добијат човечки третман.

Славица Величковска