Силјановска-Давкова: Интеграција во ЕУ, со почитување на меѓународното право, на националните и на државните интереси
Интеграција во Европската унија, со почитување на меѓународното право, на националните и на државните интереси, вети кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Силјановска-Давкова, на митингот во Ресен. Нејзиниот карван денеска е во Демир Капија, Неготино и Кавадарци...

Во документите на ЕУ едни од основните начела се солидарноста и соработката. Да, ние ќе го почитуваме националното, но треба да се повикуваме и на меѓународното право, особено она на ЕУ. Тука има еден фамозен член осум кој кажува дека нејзините членки ќе бидат поттикнувани да склучуваат договори со соседите и кандидатите за влез во Унијата врз начелото на реципроцитет, рече кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова.
За кандидатката Силјановска-Давкова, еден од приоритетите согласно нејзините ингеренции, ќе биде да помага во креирањето на посакуваното независно судство.
Рече дека ќе ги користи нејзините овластувања во Судскиот совет и Уставниот суд, да ги предлага врвните правници за кои важат начелата на правото и етиката.
Стевче Митревски
