Избори 2024

Османи: Младите во фокус, без нив не можат да се креираат развојни политики

06.04.2024 14:34

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи оствари средба со младите во Тетово. Фокусот како иден претседател ќе бидат токму младите, оти без нив не можат да се креираат развојните политики, посочи Османи…

Креирање на политики за спречување на иселувањето, особено на младите генерации, формирање на регионални совети на млади, за кои ќе се отворат и канцеларии ширум земјата, ќе бидат само дел од моите заложби како иден претседател, посочи кандидатот од Европскиот фронт Бујар Османи.

Тој денеска во Тетово оствари средба со младински активисти. Пред нив ја предочи програмата која, како што рече, содржи развојни политики во нивен интерес.

Без нив особено во време на големи промени во технологијата, нема да можеме да го следиме времето. Во идниот пратенички состав ќе предложам фиксни загарантирани квоти на млади лица, рече Османи.

Ако ја добијам поддршката ќе посредувам и помагам младите да добиваат меѓународна помош за нивно поголемо учество во креирањето на јавното мислење.

Зоран Димовски