Избори 2024

Димитриевски: Мора да се модифицира преговарачката рамка, за да не тапкаме во место

06.04.2024 14:41

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски денеска од Валандово кажа дека ако ја добие довербата ќе инсистира да се измени законот за кривична одговорност…

Мора да се изнајде начин и модел со кој ќе се модифицира преговарачката рамка за влез на Македонија во ЕУ, бидејќи само ќе тапкаме во место и нема никогаш да се придвижиме. Вака истакна претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски од Валандово, каде имаше средби со граѓаните од оваа и останатите општини. Според него треба да се формира меѓународен тим за ова намена.

Доколку ја добијам довербата од граѓаните, ќе инсистирам на менување на Законот за кривична одговорност со кој се амнестираат само политичари. На тој начин, нема одговорност кај никој, беше дециден Димитриевски.

Димитриевски подвлече дека ќе се залага пензионерите да добиваат и 13-та пензија од парите за нереализирани инвестиции.

Ване Трајков