Избори 2024

Таравари: Убеден сум дека ќе победам на изборите

06.04.2024 14:54

Претседателскиот кандидат од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари, се согласува со ставот на ДУИ, ако некој кандидат изгуби на изборите да се повлече од политиката...

Убеден сум дека ќе победам на изборите, вели претседателскиот кандидат од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари. Тој се согласува со ставот на ДУИ, ако некој кандидат изгуби на изборите да се повлече од политиката.

Владејачката ДУИ седум години зборува за ветинг, а не го направи, јас сум подготвен веднаш да се направи тоа, ваков предизвик упати Таравари до директните конкуренти.

Таравари е сигурен и во победа на парламентарните избори, оти, како што рече, листата на кандидати за пратениците од коалицијата „ВРЕДИ“ е составена од луѓе кои не се црната листа и не се под истрага на обвинителството.

На меѓународниот ден, Таравари оцени дека преку спортот младите се градат како активни граѓани на државата.

Ирина Гелевска