Организирано фотографирање за лични документи за граѓаните кои наполниле 18 години
На пунктот „Пролет“ во Скопје се фотографираа млади до 18 години, без закажување, кои немаат ниту лична карта, ниту пасош. Од МВР уверуваат дека има доволно време за да извадат документ, за да можат да гласаат на изборите…

Лицата кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ денеска можеа да се фотографираат без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи.
Целта е да им се овозможи да гласаат на претстојните избори. Документите би требало да бидат готови пред изборите, бидејќи станува збор за околу 500-тини лица, велат од МВР.
На пунктовите немаше метеж.
Бројот на граѓани фотографирани за лични карти со новото уставно име е над милион и 200 илјади, за пасоши речиси 1,5 милиони и за возачки дозволи околу 650 илјади.
Александра Велинова
