Здравство

Позитивната листа на лекови останува горлив проблем

06.04.2024 15:42

Лековите доцнат, нема регистри, се е централизирано во Скопје. Десетина организации на пациенти формираа алијанса. Велат, маката ги натерала да се здружат за да се изборат за правата на болните и за подобрување на здравствениот систем…

Позитивната листа со лекови останува горлив проблем за пациентите. Од Националната алијанса рекоа дека очекуваат во одредени сегменти да се дејствува што е можно побрзо. Велат, потребни се големи реформи кои ќе го подобрат здравствениот систем.

Националната алијанса ја сочинуваат 10-тина организации. Според нив, промени се можни со одредени организациски и структурни поместувања.

Оттаму апелираат да им се приклучат повеќе организации за сите заедно да се борат за подобрување на здравствениот систем во земјата и подобрување на правата на пациентите.

Целта на оваа алијанса е следење на европските и светските здравствени системи и практики.

Ана Јосифоска-Тодоровска