Избори 2024

Јакимовски: Македонците повеќе не смеат да бидат понижувани

06.04.2024 16:05

Кампањата ја продолжи и кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Тој денеска се претстави пред граѓаните на Крушево …

Крушево е свето место, а Македонците повеќе не смеат да бидат понижувани. Доверба на изборите не треба да добијат политичари кои го уриваат угледот на земјата – рече пред крушевчани, лидерот на ГРОМ и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски.

Негова забелешка е и дека се опструира членството на Македонија во ЕУ со постојано условување и нови барања. Чекањето за влез во ЕУ, според него, не може да биде бесконечно, а за македонскиот јазик и идентитет не може да се преговара.

Јакимовски нуди стратегија за враќање на младите во земјава и вели дека тие се иселуваат поради лошите политики на власта. Бара претседателска дебата со сите кандидати, а бегството од соочување на аргументите, според него, е срам за демократијата.

Анита Димитријевска – Велковска