Македонија
Пет автомобили изгореа во пожар под скопско Кале
06.04.2024 17:31
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а полицајци вршат увид за да се утврдат причините за пожарот.

Пет автомобили изгореа денеска во пожар на поранешниот полигон за полагање возачки испити, под скопско Кале. Пожарот се гаснеше со четири противпожарни возила и 13 пожарникари.
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а полицајци вршат увид за да се утврдат причините за пожарот.
Поранешниот полигон секој викенд е преполн со паркирани автомобили, бидејќи се наоѓа веднаш спроти Градскиот парк.
