Македонија
Пожар во „Ист гејт мол“, евакуирани посетителите и вработените
06.04.2024 19:40
Пожар во подземните простории на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Евакуирани се посетителите и вработените...

Пожар во подземните простории на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Евакуирани се посетителите и вработените. Дел од посетителите, наместо да се евакуираат, се упатиле во гаражите за да ги спасат своите автомобили.
Денешниот пожар е само еден од низа инциденти што се случија во овој трговски центар, откако претходно беше поплавен, па имаше обид за убиство и пукање, како и пожар во еден од рестораните во делот за храна.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски
