Македонија

МВР: 196 санкционирани возачи во Скопје

07.04.2024 09:09

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.