Воен конфликт

Жртви и повредени во руски напад врз Одеса

07.04.2024 09:41

Претседателот Зеленски се надева дека американскиот Конгрес ќе ја одобри помошта за неговата земја, нагласувајќи дека ќе ја прифати во форма на заем...

Руската армија изврши балистички напад врз Одеса. Има жртви, повредени и уништена инфраструктура. Предупредување за воздушен напад издадено во различни области.

Претседателот Зеленски се надева дека американскиот Конгрес ќе ја одобри помошта за неговата земја, нагласувајќи дека ќе ја прифати во форма на заем.

Холандија потврди дека ќе ѝ обезбеди на Украина 24 ловци Ф-16, а првите испораки треба да почнат летово. Берлин, исто така, вели дека нема да се откаже од својата поддршка за Киев.

Зеленски се надева дека со швајцарската претседателка Виола Амхерд за неколку дена ќе одредат датум за светски мировен самит во Швајцарија, на кој треба да присуствуваат од 80 до 100 земји.

Киев претходно предложи одржување светски мировен самит, но рече дека Русија нема да биде поканета, додека официјална Москва рече дека таков самит ќе биде бесмислен без нејзино учество.