Свет
Нови преговори за прекин на огнот во Газа
07.04.2024 10:11
Од милитантната група нагласуваат дека нивните барања вклучуваат целосен прекин на огнот во Газа и повлекување на израелските војници од енклавата.

Во Египет нови преговори за евентуален прекин на огнот во Газа. Се очекува на состанокот на израелскиот воен кабинет да се разговара дали да се испрати делегација во Каиро. Претходно Хамас се согласи да испрати делегација на нова рунда преговори.
Од милитантната група нагласуваат дека нивните барања вклучуваат целосен прекин на огнот во Газа и повлекување на израелските војници од енклавата.
Белата куќа претходно објави дека новата рунда преговори за прекин на огнот во појасот Газа и ослободување на заложниците ќе продолжи овој викенд во Каиро, со присуство на претставници на САД.
