Европа
Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка
07.04.2024 10:48
Противкандидатот, прозападниот политичар, поранешниот дипломат Иван Корчок, во вториот круг од изборите одржан вчера освои 46,87 насто од гласовите.

Кандидатот поддржан од владејачката коалиција Петер Пелегрини победи во вториот круг од претседателските избори во Словачка со 53,12 насто од гласовите.
Противкандидатот, прозападниот политичар, поранешниот дипломат Иван Корчок, во вториот круг од изборите одржан вчера освои 46,87 насто од гласовите.
48-годишниот Пелегрини, сојузник на премиерот Фицо, ќе ја наследи Зузана Чапутова на претседателската функција.
Словачка беше еден од најверните сојузници на Украина пред Фицо да дојде на власт во октомври 2023 година со ветување дека ќе ја запре словачката испорака на воена помош за Киев.
