За 30 насто повеќе пожари, треба да казнуваат и пожарникарите
Пожарите загрижуваат, а главен фактор е човекот. Прилепската противпожарна единица покрива најголема територија во државава, а ланската година со најмногу пожари е „надмината“ за овој период со 30 насто повеќе. Пожарникарите бараат законски измени за и тие да казнуваат на самото место. Неконтролираното палење стрништа вчера зеде и прв човечки живот во прилепско…

Прилепските пожарникари не можат глава да кренат од пожари. Ако лани биле 814, што е најголем број досега, годинава пожарите во регионот се зголемени за 30 насто.
Ланските 170 интервенции во овој период, сега ја достигаа бројката од 240. Пожарите на отворено се, или намерно подметнати или се од невнимание поради запалени стрништа, смет, сува трева. Таков пожар деновиве ќе ги пеплосаше манастирот „Св. Никола“ кај селото Прилепец и три околни села.
Пожарникарите бараат поголема свесност кај граѓаните. Се бара, во Законот за пожарникарство и пожарникарите да изрекуваат казни на самото место.
Во Прилеп се 34 вработени пожарникари и осуммина со договор на дело, но со летната сезона ќе бидат потребни дополнителни.
Елизабета Митреска
