Тивки лекари, гласни антиваксери- се заканува епидемија од морбили
Кога лекарите се тивки, антиваксерите се гласни. На земјава ѝ се заканува епидемија од морбили. Во Скопје е веќе прогласена на голема кашлица. Главната причина за ова е отпорот за вакцинација. За разлика од кај нас, во Германија – имунизацијата е тековна работа, а не предмет на дебата помеѓу родителите. Според лекарите, не се сфаќа сериозноста на ситуацијата…

Две годишната Хана безгрижно си црта во чекалницата на нејзиниот педијатар во Германија, додека да ѝ дојде редот за вакцина. Безгрижна е и нејзината мајката Тамара, Македонка која пет години живее во странство. Вели, нејзините пријателки Германки, воопшто немаат страв од информациите кои се шират за оваа вакцина и сомнежот дека може да предизвика аутизам. Вакцинацијата си е задолжителна и тоа се почитува, не се коментира.
И додека во Германија и нашинците учат да го почитуваат редот, во Македонија имаат свое толкување на нештата. Не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата, вели професорот Даниловски.
И токму заради тоа се дава вакцината во комплет со вакцината за пертусис и тетанус. Телото на пациент со тетанус е во грч, се држи на глава и на петици, додека телото му се свиткано како лак. Од оваа заболување се умира. Страшна е глетката на пациентите кои прележале детската парализа или полиомиелитис.
Кога родителите би го занеле ова, вели доктор Баевска-Вучковиќ, би стивнале непристојните барањата на родителите до лекарите да издадат потврда за да се избегне имунизацијата. Таа осум години беше дел од Националниот комитет за имунизација.
И додека надлежните се справуваат со пертусисот, второто најконтагиозно заболување кое се превенира со вакцини, соседите имаат епидемии од со првото високо заразно заболување- морбилите. Лекарите велат дека состојбата со морбилите ќе биде далеку подрастична од тоа што го гледаме со пертусисот, таму ќе броиме можеби трицифрени броеви на новозаразени деца.
Наташа Јанчиќ-Менковски
