Избори 2024

Силјановска-Давкова: Ова е последен момент да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста

07.04.2024 12:17

„Ова е последен момент да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста“ – изјави кандидатката за претседателка од коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Силјановска-Давкова на синоќешниот митинг во Кавадарци. Таа рече дека ќе ја доближи највисоката функција до граѓаните. Нејзиниот карван денеска е во Зрновци, Виница и Кочани…

Ова е последен момент кога можеме да си ја вратиме гордоста, со вистинскиот избор на претстојните избори. Вообичаено е во демократијата, кога се легитимираме пред вас, да со завршување на еден мандат се даде извештај за сработеното, јас не сум видела извештај од сегашниот претседател, кажа Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред кавадарчани порача дека граѓаните имаат два концепти пред себе за претседателските избори. Првиот е на Стево Пендаровски, со кој се дозволува ДУИ да продолжи да ја пљачка и понижува Македонија. Вториот концепт е на Гордана Силјановска-Давкова, кој носи промени.

Кандидатката Силјановска-Давкова ги запраша присутните, зошто Македонија 30 години немала жена-претседателка на државата, на Собранието, жена-премиерка.

Петар Печков