Македонија

Опожарен билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари во Скопје

07.04.2024 13:05

Од таборот на Таравари побараа расветлување на случајот и пронаоѓање на виновниците...

Синоќа кај скопската Зоолошка градина бил опожарен билборд на кандидатот за претседател на државата од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари.

Од таборот на Таравари побараа расветлување на случајот и пронаоѓање на виновниците.

„Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен“, укажуваат од „ВРЕДИ“, од каде што велат дека виновниците мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи.

Од МВР велат дека пријавата кај нив стасала во 1 часот и 15 минути по полноќ, и оти се преземаат мерки за расветлување на настанот.