Србија
Вучиќ најави дека ќе се разгледа прашањето за повторно воведување на смртна казна
07.04.2024 13:34
Полицијата ја продолжи потрагата по телото на двегодишното девојче. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во Обвинителството, по што судот им одреди притвор од 30 дена.

Српскиот претседател Вучиќ, коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, рече дека ќе ѝ предложи на новата влада да ги разгледа сите прашања и препораки на Советот на Европа за повторното воведување смртна казна за најтешките кривични дела.
Полицијата ја продолжи потрагата по телото на двегодишното девојче. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во Обвинителството, по што судот им одреди притвор од 30 дена.
Српското МВР има сознанија дека телото е префрлено од една на друга локација.
