Воен конфликт

Украина соборила 17 руски дронови

07.04.2024 17:06

Претседателот Зеленски се надева дека американскиот Конгрес ќе ја одобри помошта за неговата земја, нагласувајќи дека ќе ја прифати во форма на заем.

Украинските сили собориле 17 беспилотни летала камикази, лансирани од Русија. Напад со  балистички проектил и врз Одеса. Има жртви, повредени и уништена инфраструктра. Воздушна тревога била издадена во различни области.

Претседателот Зеленски се надева дека американскиот Конгрес ќе ја одобри помошта за неговата земја, нагласувајќи дека ќе ја прифати во форма на заем. Тој истакна дека неговата земја се потпира на комбинирана одбрана, како и на развивање сопствено оружје за запирање на авионите, испратени од Москва.

Во меѓувреме, Холандија потврди дека ќе ѝ обезбеди на Украина 24 ловци Ф-16. Првите испораки треба да почнат летово. Берлин, исто така, вели дека нема да се откаже од поддршката за Киев.