Избори 2024

Таравари: Очекувам гласови од сите етнички заедници

07.04.2024 14:07

Кандидатот за претседател од коалицијата „ВРЕДИ“, Арбен Таравари попладнево ја продолжува кампањата со средби со граѓани во Тетово, откако викендов имаше активности во Скопје и во Куманово. Еве дел од неговите очекувања за претстојните избори…

Со хомогеноста што ја одржувам во Општина Гостивар, сметам дека ќе успеам и на ниво на државата, вели кандидатот за претседател од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари.

Тој очекува гласови од сите етнички заедници, исто како што ја добил довербата на локалните избори. Според него, транспарентноста и инклузивноста на претседателот се неопходни за функционирање на државата.

Смета дека земјава нема друга алтернатива за европскиот пат, освен преку носење на уставните измени. Таравари ќе бара гаранции од европските политичари дека ќе нема нови условувања на европскиот пат, како и динамика за промените на преамбулата.

Таравари во Тетово на средби со граѓани ја претстави програмата со која ја бара довербата од нив. Посочи дека е уверен во шанса да влезе во вториот круг од претседателските избори.

Наташа Гркова-Петрушевска