Избори 2024

Ванковска: Ако станам претседател, ќе покренам излегување на земјава од НАТО

07.04.2024 15:59

Ако станам претседател, ќе покренам излегување на земјава од НАТО, изјави кандидатката од Левица, Билјана Ванковска. Таа денеска има средби со граѓани во Волково и во Тетово, откако се претстави во Прилеп и Демир Хисар…

Македонија нема да биде членка на НАТО ако професорката Билјана Ванковска ја добие довербата за петгодишен мандат.

Кандидатката за претседател од Левица, најавува, согласно уставните ингеренции, излегување од овој воен сојуз, бидејќи како што вели, во наредниот период светот нема да се промени на подобро, а државата меѓу другото ќе мора да го финансира овој, како што го нарече, воено-индустриски комплекс.

Ванковска рече дека земјава исчезнува во Бермудскиот триаголник на трите договори, Охридскиот, Бугарскиот и Преспанскиот и затоа е потребно да излеземе од нив, ако сакаме да станеме вистинска држава. Таа Македонија ја гледа како алка во мултиполарен свет.

Анита Димитријевска – Велковска