Јакимовски: Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет
Македонија е подготвена да чека за членство до 2030-та година, ако тоа не се случи, повеќе не може да стоиме пред вратата на ЕУ – став на кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Тој денеска имаше активности во скопската Општина Ѓорче Петров …

Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател на сите граѓани, изјави кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, од коалиција „Храбро за Македонија“.
Тој рече дека нема да дозволи во ниту еден случај менување на Уставот со цел вметнување на Бугарите во него, сè додека Европската унија не гарантира наше полноправно членство до 2030-та година. Повеќе не може да чекаме пред вратите на Унијата, рече Јакимовски.
Според него, покрај албанскиот блок партии и дел од кандидатите од македонскиот кампус праќаат сигнали дека е можно да се отвора Уставот по однос на ова прашање, што според него би било предавство.
Претседателскиот кандидат Јакимовски обвини дека неговите противкандидати бегаат од дебати. Тој рече дека најголемата мака за земјава е иселувањето од државата, кое како што посочи е поради лошите политики на досегашните владејачки гарнитури.
Игор Панов
