Верстапен без поголеми проблеми до победа на Сузука

07.04.2024 14:53

Неговиот тимски колега Серхио Перез заврши 12,5 секунди зад светскиот шампион, продолжувајќи го трендот на само двојни победи од почетокот на 2024 година. За Ред Бул ова е трет случај, по трките во Бахреин и Саудиска Арабија, а пред две недели двојниот триумф во Австралија беше за Ферари.

Макс Верстапен ја оствари својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако триумфираше на Големата награда на Јапонија. Трката на „Сузука“ беше многу интересна, а драмите во неа започнаа уште во третиот свиок.

Неговиот тимски колега Серхио Перез заврши 12,5 секунди зад светскиот шампион, продолжувајќи го трендот на само двојни победи од почетокот на 2024 година. За Ред Бул ова е трет случај, по трките во Бахреин и Саудиска Арабија, а пред две недели двојниот триумф во Австралија беше за Ферари.

Победникот на трката во Мелбурн, Карлос Саинц, денеска повторно се искачи на подиумот откако заврши трет. Колегата во Ферари, Шарл Леклер, извозе неверојатен прв дел од трката трката, влезе само еднаш во пит-стоп и напредуваше од осмото место на гридот до четвртото во финишот.

Ландо Норис, кој стартуваше трет, беше претекнат од возачите на „црните коњи“ и заврши петти.