Избори 2024

Кандидатите за претседател продолжуваат со кампања

08.04.2024 08:11

Гордана Силјановска-Давкова поддржана од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Демир Хисар и во Новаци, а ќе одржи митинг во Битола. Кандидатот на коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски ќе биде во скопските општини Кисела Вода и во Аеродром...

Продолжува презентирањето на програмите на митинзи, дебати и на средби со граѓани, на кандидатите за претседател. Гордана Силјановска-Давкова поддржана од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Демир Хисар и во Новаци, а ќе одржи митинг во Битола. Кандидатот на коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски ќе биде во скопските општини Кисела Вода и во Аеродром.

Бујар Османи од ДУИ ќе има панел-дискусија, Стевчо Јакимовски од ГРОМ на средба со кичевчани, а Билјана Ванковска од Левица во Богданци и во Гевгелија. Кандидатот за претседател на „Вреди“ Арбен Таравари во Тетово ќе оствари средба со ромската заедница, а Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ-За наша Македонија“, ќе биде во Охрид и во Дебрца.