Избори 2024

На МРТ бесплатно политичко претставување

08.04.2024 08:26

Обврската е согласно со изборниот законик. МРТ ги повикува сите политички субјекти кои учествуваат во изборниот процес за претседател да го искористат правото да ги презентираат своите програми...

Македонската телевизија од денеска на првиот програмски сервис почнува со емитување на бесплатното политичко претставување на кандидатите за претседател, што ќе трае до 12-ти април. Обврската е согласно со изборниот законик. МРТ ги повикува сите политички субјекти кои учествуваат во изборниот процес за претседател да го искористат правото да ги презентираат своите програми.

Снимањето трае од 4-ти до 10-ти април. Секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите, нема да биде емитувана.