СРБИЈА

Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка

08.04.2024 08:30

Осомничените за убиството на Данка беа уапсени на 4-ти април...

Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка. Српската полиција го пребарува целиот просто покрај Злотска Река и Лазарева пештера. Осомничените за убиството на Данка беа уапсени на 4 април. Делото е оквалификувано како тешко убиство извршено на свиреп начин. Во меѓувреме одреден е притвор и на таткото на убиецот.

Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба за обдукција на братот на осомничениот убиец кој почина во полициското одделение Бор.