ОЈО

ОЈО: Истражна постапка против едно лице за лажно претставување и изнуда

08.04.2024 08:32

Од средината на декември лани, претставувајќи се како вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани по неговиот живот и на семејството, присилил 54-годишник, управител на фирма, во повеќе наврати да му даде пари...

Скопското обвинителство поведе истражна постапка против едно лице под основано сомнение дека сторило кривично дело лажно претставување и изнуда.

Од средината на декември лани, претставувајќи се како вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани по неговиот живот и на семејството, присилил 54-годишник, управител на фирма, во повеќе наврати да му даде пари, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит, во вредност од 180 илјади евра, информираа од обвинителството. По барање на јавниот обвинител, судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор.