Израелската војска се повлече од Кан Јунис
Израелската војска соопшти дека ги повлекла силите од Кан Јунис во јужна Газа, завршувајќи клучна фаза во копнената офанзива...

Војната на Блискиот Исток влезе во седмиот месец. Израелската војска соопшти дека ги повлекла силите од Кан Јунис во јужна Газа, завршувајќи клучна фаза во копнената офанзива. Ова го доведува присуството на израелските трупи на територијата на едно од најниските нивоа од почетокот на војната.
„Војната во Газа продолжува и ние сме далеку од запирање. Шефовите на Хамас сè уште се кријат, ние ќе стигнеме до нив, порано или подоцна. Имаме планови и ќе дејствуваме кога ќе одлучиме. Израелската одбрана знае како да се справи и со Иран, дефанзивно и офанзивно“, изјави Херзи Халеви, началник на Генералштабот на Израел.
Претходно, советникот на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека сите израелски дипломатски претставништва во светот би можеле да станат мета на одмазднички напади.
