ЈУЖНА КОРЕЈА

Сеул лансираше уште еден шпионски сателит

08.04.2024 08:51

Јужна Кореја лансираше втор воен шпионски сателит во вселената...

Јужна Кореја лансираше втор воен шпионски сателит во вселената, неколку дена откако Северна Кореја го потврди својот план да истрела повеќе сателити за извидување оваа година.

„Нашиот втор воен сателит беше успешно лансиран од вселенскиот центар Кенеди, во САД. Преку ова лансирање, нашата војска доби независна способност за надзор“, изјави Џеон Ха-гју, портпарол на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

И двете Кореи ги лансираа своите први шпионски сателити изминатата година, во услови на зголемени непријателства меѓу ривалите.