Оровчанец: Врнежите ги редуцираат приносите на жито
Доколку временските услови се подобрат жетвата треба да биде и надпросечна...

Врнежите што ја зафатија Македонија секојдневно го намалуваат квалитетот на житните култури, посебно јачменот. Тоа ќе ги редуцира приносите, но производителите, сепак, очекуваат добра жетва.
Дали влијанието на временските услови ќе се одрази врз цената на крајниот производ, велат, е рано да се каже. Не може да се прогнозира ниту колку жито ќе треба да увеземе годинава.
„Годинава очекувавме една од подобрите жетви. Доколку временските услови се подобрат треба да биде и надпросечна. Во спротивно, ако врнежите продолжат, ќе се намалат приносите и квалитетот што веќе се забележува“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро комората при Сојузот на стопанските комори.
