СВЕТ
Денеска се очекува целосно затемнување на Сонцето
08.04.2024 09:18
Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо во 15:18 часот по локално време 9 часот и 18 минути по средноевропско време...

Голем број училишта во северниот дел на Њујорк ја откажаа наставата поради очекуваното целосно затемнување на Сонцето. Официјално образложение за ваквата одлука е сообраќајниот метеж што ќе настане поради затемнувањето.
Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо во 15.18 часот по локално време 9.18 часот по средноевропско време. Целосното затемнување на Сонцето, ќе биде видливо во Канада, Мексико и САД.
Затемнувањето ќе трае четири и пол минути, а ќе може да се гледа на веб-страницата и каналот Јутјуб на НАСА.
