Македонија

Новинарот Фуркан Салиу синоќа пуштен од полициска станица

08.04.2024 09:34

Новинарот Фуркан Салиу доцна синоќа пуштен од полициска станица. Негира дека нападнал полициски службеник.

Новинарот Фуркан Салиу доцна синоќа пуштен од полициска станица. Негира дека нападнал полициски службеник.

Смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата тепа недолжно момче на фудбалски натпревар. За пиштолот, најден расклопен во неговиот автомобил, вели дека поседува дозвола.

Претходно, МВР соопшти дека Салиу е еден од приведените на фудбалскиот натпревар во селото средно Коњари, поради напад врз полициски службеници. Министерот Тошковски повика да не се прави притисок врз полицијата, зашто таа еднакво постапувала при секој напад.

Апсењето на Салиу го осудија новинарските здруженија, како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.