САД

ФАА отвори истрага откако отпадна капак од мотор на авион „Боинг 737-800“ на полетување

08.04.2024 09:50

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.,,

Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага.

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.

Медиумите пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот. Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

Поради честите инциденти на авионите „Боинг“, неколку директори во изминатите месеци поднесоа оставки.