Избори 2024

Силјановска-Давкова: Потребно е широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во Уставот

08.04.2024 12:20

Не може Македонија да биде среќна држава ако ја управуваат двајца или тројца конзули. Таквиот систем е авторитарен, на пати со елементи на тиранија. Живееме во земја во која тие на врвот единствено што знаат е да повторуваат „Ние сме за ЕУ и НАТО ние сме проевропски фронт“, истакна Гордана Силјановска-Давкова која имаше предизборен митинг во Кочани...

Уставот е зрел за промени и крајно време е една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во Уставот. Има многу работи што треба да се сменат за да имаме стабилна и функционална држава, рече Гордана Силјановска-Давкова пред кочанчани, при што претстави дел од својата програма.

Во поглед на заложбите за чесно и независно судство, Силјановска-Давкова истакна дека мора да се стави крај на селективната правда и несанкционирањето, а решението е во добрите судии со интегритет, но и институцијата претседател преку двајцата претставници во Судскиот совет. Најави и често обраќање пред Собранието, каде ќе ги предочи проблемите на граѓаните кои пак до неа ќе можат да се обратат преку народните канцеларии кои ќе ги има низ цела држава.

 

Славица Величковска