Ракомет

Сара Ристовска успеа да го одбрани Куп трофејот во Русија

08.04.2024 11:02

Македонката си обезбеди место во идеалниот тим и беше прогласена за најдобро десно крило на годинешното издание во рускиот Куп ...

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, успеа да го одбрани Куп трофејот во Русија.

Во спектакуларното финале, кое беше одиграно во Ростов, московската екипа славеше над домашниот тим после пеналите со 30:29.

Голем придонес во победата на ЦСКА Москва имаше токму Ристовска, која во финалето беше меѓу најефикасните, постигна четири погодоци.

Македонката си обезбеди место во идеалниот тим и беше прогласена за најдобро десно крило на годинешното издание во рускиот Куп.

 

 

 

 

 

 

Фото:/ ФБ Сара Ристовска