Избори 2024

Ванковска ја претстави изборната програма во Тетово

08.04.2024 12:25

Во Тетово, партијата Левица одржа народен собир на која беше претставена изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“ на нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска...

Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога една од противкандидатите зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди, посочи пред тетовци претседателски кандидат на Левица, Билјана Ванковска. Таа рече дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија. На крајот сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат, и ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав, само јас сум против“, рече Ванковска.

Партискиот лидер Димитар Апасиев порача дека во иднина нема да има Влада без учество на Левица.

Наместо етничка, ќе се воведе класна позитивна дискриминација и тоа ќе биде политика на поврзување помеѓу граѓани, наместо Рамковен договор, кој е изграден по војна, дополни Апасиев.

 

Зоран Димовски