голема кашлица

50 нови случаи на голема кашлица, најголем број во Скопје

08.04.2024 12:29

Деветмина се хоспитализирани, со што вкупниот број на заразени достигна речиси 400-ни. Според Институтот за јавно здравје, најголем број од пријавените се во Скопје...

Во периодот од 29 март до 4 април пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Деветмина се хоспитализирани, со што вкупниот број на заразени достигна речиси 400-ни. Според Институтот за јавно здравје, најголем број од пријавените се во Скопје.

Возраста на заболените е од 1 месец до 52 години, а најголем број на случаи се од возрасната група до 4 години. Од вкупниот број регистрирани со пертусис, дури 239 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од заболените, хоспитализирани се 58 лица, од кои 49 на возраст до 4 години.

Од службите за вакцинација во Скопје е утврдено дека има над 15 илјади и 800-ни деца пропуштени за вакцинација. Од вакцинираните, најголем број примиле прва ревакцина, наведено е во извештајот на Институтот за јавно здравје.