Здравство

Расте бројот на заболени од голема кашлица, регистрирани 50 нови случаи

08.04.2024 14:19

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, информира Институтот за јавно здравје. На Клиниката за детски болести нема пациенти со пертусис...

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, информира Институтот за јавно здравје. 9 хоспитализирани. На Клиниката за детски болести нема пациенти со пертусис. Се шири во потопло време, повисоките температури нема да ја намалат епидемијата. Зголемениот опфат на вакцинација е клучен.

Најголем број од заболените се од главниот град.

Заклучно со 4-ти април во земјава се регистрирани 399 случаи на голема кашлица. 239 од нив воопшто не биле вакцинирани или не се целосно имунизирани. Докторите постојано апелираат родителите да ги вакцинираат своите деца.

Од заболените досега, хоспитализирани биле 58 лица, 49 од нив на возраст до 4 години.

 

Ана Јосифоска Тодоровска