Србија

Директорот на Водовод во Бор од морални причини си поднесе оставка

08.04.2024 13:42

Директорот на Водовод во Бор од морални причини си поднесе оставка, додека потрагата по телото на 2-годишната Данка продолжи на нова локација ...

Директорот на Водовод во Бор од морални причини си поднесе оставка, додека потрагата по телото на 2-годишната Данка продолжи на нова локација. Судија на претходна постапка од одреди 30 дена притвор и за таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ.

Наредена е обдукција на братот на осомничениот убиец кој почина во полициското одделение во Бор. Осомничените за убиството на Данка беа уапсени на 4-ти април. Делото е оквалификувано како тешко убиство извршено на свиреп начин.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26-ти март на семејниот имот.