МВР

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

08.04.2024 13:43

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и со помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, остварија работна посета на Охрид, каде што се сретнаа со раководството на СВР Охрид, а ги посетија и вработените во управните служби на оваа организациска единица...

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, и со помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции, Сашо Смилески, остварија работна посета на Охрид, каде што се сретнаа со раководството на СВР Охрид, а ги посетија и вработените во управните служби на оваа организациска единица. Воедно, делегацијата заедно со претставници на заинтересираните медиуми ќе ги посетат и Езерската полиција и Граничниот премин „Св. Наум“, демонстрирајќи ги на дело капацитетите на Езерска полиција. Посетата е во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

„Од страна на раководството на СВР Охрид бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година a безбедносната состојба ја оценивме поволна на задоволително ниво, со зголемена ефикасност во расветлувачката дејност за 46%. На подрачје на Охрид се бележи намалување на вкупно регистрирани кривични дела од 13.5%. Имаме зголемен број на поднесени кривични пријави во делот на економскиот криминалитет за 35% и во делот на класичниот криминал за 10%. За одбележување е и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачје на СВР-Охрид за 4% и намалување на сообраќајни незгоди со телесни повреди за 9%. Воедно, од увидот во работата на управните служби тука во Охрид можам да констатирам дека состојбата е редовна“, рече Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој се осврна на зајакнувањето на капацитетот во делот на гарантирање на безбедноста на границите, особено на Охридското Езеро.